Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: двајца битолчани уапсени во Охрид, во “мерцедесот“ им пронашле марихуана

На булеварот “Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, ги лишиле од слобода двајца битолчани на возраст од 69 и 47 години, затоа што при преглед кај повозрасниот биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана, а при преглед во патничко возило “мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал, бил  пронајден и одземен хероин.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.