Политичките партии ноќеска до полноќ ги поднесуваа до Државната изборна комисија листите за кандидати за пратеници, а на листата на СДСМ и коалицијата е и битолчанецот Горан Козаров.
Горан Козаров на листата на СДСМ и коалицијата е на 9. место кое што е “добитно“ место, односно може да се каже дека се очекува во наредниот состав на Парламентот Битола да има уште еден пратеник.
Инаку, Горан Козаров е директор на ЈКП “Водовод“, а во пилитичкиот ангажман е регионален координатор на ИЕ 5 на СДСМ.
На листата на СДСМ и коалицијата во петтата изборна единица сека има тројца кандидати за пратеници, Бисера Костадинова, Горан Козаров и Петар Николовски, а а носител е Радмила Шекеринска.






