Пред “Веро“ кај Новиот пазар, на крстосница од ул. „Васко Карангелевски“ и ул. „Игнат Атанасовски “ во Битола, непознато возило удрило во велосипедистот 50 годишен велосипедист со иницијали И.Б. од Битола и го напуштило местото, е забележано во билтенот на МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош.
Увид извршила екипа од СВР Битола.






