Press "Enter" to skip to content

Фото вест: поради стравот и препораките малкумина низ Светонеделските гробишта

Ако во изминатите многу години по првиот ден Велигден тешко се стигнувало до Светонеделските гробишта, поради колоните автомобили и илјадниците битолчани кои се упатуваа тами, денес по завршувањето на полицискиот час по Велигденските празници ја немаше таа слика.

Ако порано имаше баби, дедовци, татковци и мајки со деца, мал панаѓур пред цркватасега од тоа немаше ништо.Само мал број битолчани беа на гробовите на своите блиски за запалат свеќа, а гробиштата околу 10 часот беа празни, а еден на сограѓанин кога не забележа дека правиме фотографии ни рече:

-Короната или што и да е не оддели од блиските за Велигден, а не ги одбегна и оние кои не се со нас. Стравот и препораките си ги направија своето, можеби сега кога ќе имаат излез по 10 часот повозрасните, бројот ќе се зголеми на битолчани кои ќе дојдат да запалат свеќа на овој голем празник Велигден.

More from ВестиMore posts in Вести »