Деновиве сопствениците на куфулината по Широк Сокак и на други места започнаа со демонтирање на зимските тераси на кои битолчани уживаа во својот омилен кафе-пијалок со цигара, а кои повеќе од еден месец не беа во функција по препораките и мерките на Владата за заштита од корона вирусот.
Битолчани кои поминуваа по Широк Сокак денес коментираа дека крајно време беше да се тргнат, како рекоа помошните простории на кафулината, а со овој потег започнуваат и подготовките на сопствениците за новата летна сезона, која се очекува наскоро да започне.
Сопствениците и битолчани со нетрпение го очекуваат реотворањето на кафулината, но сите се прашуваат како ќе биде нивната работа понатаму, со оглед на најавите дека ќе треба масите да бидат на одредена дистанца, колку маси ќе има со колку столици, дали ќе седи само надвот, дали ќе се седи на шанкот…
Дел од битолските локали го искористија времето кога беа завторени да ги реновираат угостителските објекти.






