Според Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 1.348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19, од кои во Битола се новозаболени 2 лица.
По градови, и денес, најповеќе има во Скопје 107, Куманово 14, Штип 4, Тетово 23, Струга 5, Битола 2, Охрид 6, Гостивар 4, Струмица 1, Кочани 1, Берово 1, Ресен 13 и Неготино 1.
Починати се 6 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти, еден од Битола. По градови Скопје има 22 оздравени, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 2, Битола 1, Кочани 2, Свети Николе 1 и Кичево 1.
Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612.






