Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер лесно до победа над Тиквеш во Битола

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 37:26 (17:14)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола  убедливо го совладаа Тиквеш со 37:26 и ја забележаа осмата победа во Суперлигата со 37:26, полувреме 17:14 во натпревар од десеттото коло во македонската Супер лига, одигран во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. 

Тиквеш добро го започна натпреварот. Битолчани поведоа преку Жарко Пешевски, гостите израмнија преку Балша Чејовиќ. Во шестата минута Франко Гавидија му го донесе првото водство на Тиквеш од 2:3, а нешто подоцна беше и 3:4. Потоа за брзо Еурофарм Пелистер ја презеде контролата, израмни на 3:3, и додје до 6:4 во десеттата минута. Гостите израмнија на 7:7 во 15. минута. Потоа следуваше важен период за домашниот состав кој поведе со 10:7. Во 23. минута беше 14:10, а на одмор Еурофарм Пелистер замина со водство од 17:14.

Второто полувреме започна со два гола на Тиквеш за 17:16. Пелистер потоа дојде во водство од 19:17 во 34. минута. До 40. минута битолчани веќе имаа предност од 25:19. Петар Атанасијевиќ со три последователни погодоци донесе високи 30:21 во 50. минута. Еурофарм Пелистер првпат стигна до двоцифрена предност 31:21. До крајот битолчани ја одржуваа контролата и стигнаа до конечен резултат 37:26.

Најефикасен во победничкиот состав беше Петар Атанасијевиќ со девет гола од единаесет обиди, додека Жарко Пешевски имаше максимална реализација со шест гола од шест шута. Рудолф Хакбарт постигна четири, а Саду Нтанзи, Мартин Серафимов и Ненад Белистојаноски додадоа по три погодоци.

More from ВестиMore posts in Вести »