Press "Enter" to skip to content

Со изложба на фотографии “50 години CIOFF“ отворен 50. по ред фестивал “Илинденски денови“ (фото)

Вечерва според сите протоколи за заштита од ковид-19 во Битола беше отворен 50. по ред, јубилеен фестивал “Илинденски денови“ со отворање на изложбата “50 години CIOFF“ .Најстариот фестивал во Битола, “Илинденски денови“ кој е во организација на Центарот за култура, оваа година има 50-то јубилејно издание, го отвори градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која на отворањето на изложбата и фестивалот рече:-Измешани емоции, но и гордост дека токму ние во Битола славиме еден ваков јубилеј 50 години “Илинденски денови“. Околностите се такви, но сум уверена дека сите кои учествувале и слушнале за Фестивалот имаат желба и љубов и ќе ја развијат нивната имагинација до нашето следно видување, а ние им упатуваме желби за наше следно видување до година. Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска-Илиевски, кој е организатор на “Илинденски денови“ на отворањето рече:-Ова издание на фестивалот беше пред еден голем предизвик, но програмата беше изработена со многу внимание и труд. Оваа година нема да танцуваме ама со песна ќе испратиме порака дека во оваа пандемија сме сите заедно, но и дека во наредната година, сите групи кои го откажаа своето присуство ќе ги пречекаме во нашиот град и ќе продолжиме таму каде што застанавме. Затоа, симболилно, прв настан на Фестивалот е изложбата “50 години CIOFF“ која ја нарековме за живот на традицијата. “Илинденски денови“ е единствен фестивал кој го има знакчето на  CIOFF и ние сме горди на тоа, а самото членство е голема чест за Фестивалот во Битола и додаде:-Сакам да му заблагодарам на Валентин Соклевски кој е институција како и самиот фествал и Љубица Стефановска бидејќи кога размислувавме дали да бидеме целосно он-лајн Валентин како и секогаш беше пред времето и рече дека ние треба да бидеме патоказ за иднината, а Фестивалот ќе биде еден пример како да се организира културата во овие времиња.Програма на Фестивалот е креирана според можностите и ситуацијата во која живееме. Со оналјн настани, но и со неколку настани со публика кои ќе бидат организирани по сите предвидени протоколи.Следен настан е детска ликовна работилница ON LINE, “Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“ која е закажана за утре во 10 часот.