Тиквеш – Пелистер 72:70
Екипата на Пелистер не успеа да ја добие драмата во финишот е поразен од тимот на домаќинот, Тиквеш, со конечни 72-70 од натпреварот од 7. коло Суперлигата.
Двете екипи добија во своја полза по две четвртини во вистинско првенствен натпревар, во кој домаќинот на крајот имаше повеќе концентрација и го доби натпреварот.
После првите две четвртини екипата на Тиквеш имаше водство со резултат од +2, (36:34). Во третата четвртина Тиквеш стигна и до највисоки +10. Пелистер внесе драма во финишот, се бореше и за пресврт, но кавадарчани ја заокружија победата кога побегнаа на четири поени разлика во последните секунди. Пелистер погоди во последниот напад само да го намали поразот на -2.
Најдобри поединци кај Пелистер по 16 поени имаа Вилсон и Кочовиќ.









