НУ Центар за култура и Македонско научно друштво-Битола одржаа стручно-научен собир со наслов „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ и промовираа зборник на трудови посветен на два големи јубилеи, 60. години МНД-Битола и 50. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.
Учесниците на собирот ги поздравија Маја Андоновска Илијевски, директорка на НУ Центар за култура – Битола и проф. д-р Марјан Танушевски, претседател на МНД-Битола кои беа едногласни дека најдобар начин да се одбележат два значајни јубилеи е да се направи нешто конкретно, заедничко и оригинално, каков што беше денешниот собир во Битола.
За посебниот број на списанието „Прилози“ доминираат трудови чии автори имаат историски пристап и со кој се прави хронолошки преглед за почитувањето на народната традиција и култура, поставеноста на важни институции во општеството кои долги години имаат значајна улога во зачувувањето на македонскиот фолклор како и други мотиви.
-Фестивалот со својата стручно-научна и апликативна дејност, организирањето на серија семинари и едукативни активности за традиционалната музика и игра, преку различни промотивни активности во кои се вклучени и граѓани од сите возрасти, потоа изложбите и работилниците, коцерти…но и со својата издавачка дејност, Фестивалот пет децении обезбедува развој, проучување, мобилизација, актуелизација и дисеминација на македонскиот фолклор на нашите простори и пошироко, нагласи промоторот, професор д-р Даниела Андоновска Трајковска.
Стручно научниот собир и зборникот „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ во Битола, на кој учествуваа 18 автори, предизвика широк интерес кај стручната јавност и мотивира потенцијални учесници и читатели, порачаа организаторите на денешниот академски настан.
-Соработката меѓу институциите е една од најубавите работи и таа генерира нова енергија. Многу членови на МНД-Битола биле со фестивалот „Илинденски денови“ и обратно, а првиот конкретен заеднички настан датира од 1980 година кога тогашните генерации на голем научен собир презентирајќи ги своите трудови ја изработија содржината на еден Зборник-учебник кој може да го користат етнолози, етнокореолози, етнолузиколози и други стручни лица. Добро е што по 40 години се возобновува пристапот низ стручно-научен собир и со публикација се придонесува за фолклорот и етнологијата, истакна м-р Валентин Соклевски, втор промотор на зборникот.
Стручно научниот собир и зборникот „Академски такт за фолклорот и етнологијата“ се поддржани од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2020 година.

Научен собир “Академски такт за фолклорот и етнологијата“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Амбасадоркана САД во Македонија Никол Варнс во посета на Општина Битола
- ОУ “Стив Наумов“- Битола со соопштение по заканувачките пораки на ученик кон неговите соученици и нивните родители
- АД ЕСМ и РЕК “Битола“ дел од транспарентниот процес за подобра и позелена иднина
- Шведскиот амбасадор на пица кај “Шведскиот“ на Широк Сокак во Битола (фото)
- СВР Битола со низа активности по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција и промоција на полициски велосипеди





