Press "Enter" to skip to content

“Заедно за чист Баир“ акција за чистење во организација на “ПРЕДА плус“ (фотогалерија)

Со денешната акција -“ во организација на ПРЕДА плус, исчистен е дел од ридот над улица “Љубојно“ во населбата Баир во Битола. Месното население од населба Баир, потпомогнати со механизација од јавното претпријатие “Комуналец“ и од активистите од
граѓанското движење “Мети си со класнето”, успешно отстранија мала дива депонија со исфрлано ѓубре, градежен шут и делови од мебел.Со оваа активност граѓаните на Битола и јавните институции покажаа иницијатива, волја за соработка и преземање на активности за заедничко учество и решавање на актуелни проблеми во заедницата.Акцијата е дел од УРБАН БАИР – иницијатива за подобрување на урбаната и социјалната вклученост на ромската заедница во општина Битола, која се реализира во склоп на проектот “Сензибилизација и мапирање на домувањето за Роми ” поддржан од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а реализиран од ПРЕДА плус во партнерство со Општина Битола и НВО “Баирска Светлина“.Целта на акцијата е да подигне свеста на граѓаните за зачувување на животната средина и одлагање на сметот, како и да се подобри меѓусебната соработка и заедничката грижа за средината на граѓаните и јавните претпријатија.Акцијата е дел од проектните активности кои предвидуваат: инфраструктурни активности – реновирање на просторот во месната заедница во населба Баир, теренско истражување за собирање на податоци за сеопфатна проценка на ромските домаќинства во населба Баир со цел решавање на урбанистичките предизвици и стимулирање на позитивни социјални промени.Како и обезбедување советодавна помош за надминување на предизвиците во справување со кризата од Ковид-19, преку формирана Служба за помош со седиште во месната заедница “Димитар Влахов“.Во проектните активности Општина Битола се вклучува со реконструкција на постоечки парк и изградба на игралиште за деца со средства од Советот на Европа преку програмата РОМАКТЕД .Реализацијата на проектот ќе придонесе за создавање на основа за понатамошно подобрување на урбаната и социјалната вклученост на ромската заедница која живее во сиромашни и неформални делови од населбата Баир во општина Битола.Истовремено ќе послужи како основа за поголема интервенција (проект) со употреба на холистички и интегриран пристап, преку кој ќе се поврзат различни сектори/компоненти на општеството (на пр. урбанистичко планирање, домување, заедничка инфраструктура, пристап до едукативни и здравствени услуги, вработување, промоција на културата) за да се олесни создавањето на поттикнувачка и инклузивна средина за локалните заедници кои живеат во Битола, особено во населбата Баир.

More from ВестиMore posts in Вести »