Press "Enter" to skip to content

После Битола, Требиње (БиХ) е новата кошаркарска база на Пелистер

По одработувањето на првата фаза од подготовките на кошаркарите на Пелистер во Битола, продолжија со брусење на формата за престојните прволигашки предизвици во кошаркарскиот камп во Требиње, Босна и Херцеговина, на што му претходеа и негативни тестови за ковид-19, кои се задолжителни.

Во Требиње ќе ја имаа главната фаза од подготовките за новата натпреварувачка сезона, која ќе ја започнат со големи амбиции.

Покрај редовните тренинзи кои ќе организира новиот тренер Марјан Илиевски со своите помошници, во Требиње Пелистер ќе одигра и пет пријателски натпревари, кои се веќе со закажани термини против екипите на Леотар (два натпревари), Чаплина, Зрински и Широки брег.

Кога управата ги договараше подготовкиите во план беше и да се игра и против силни екипи од Хратска, но поради корона-кризата нема да се одиграат. 

На подготовки од Битола замина комплетната екипа на Пелистер, со сите засилувања, американците Џастин Мартин, Чез Вилијамс и Џалил Абдул Басит, србинот Игор Кесар, Бобан Стајиќ, Бојан Трајковски, Даниел Нацевски. Таму се и Зекири, Голубовиќ, Трсунов и останатите… кои првиот тест ќе го имаат на првото гостување против екипата на Кожув во октомври.

More from СпортMore posts in Спорт »