Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ задоволен по првата победа со Еурофарм Пелистер 2

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во Битола, во рамките на второто коло од машката Супер лига ја забележа првата победа, а тоа е и прва победа на тренерот Александар Јовиќ на чело на оваа екипа. 

Јовиќ не го криеше задоволството по победата која беше убедлива, а по натпреварот во Битола рече:

-Сакам да им честитам на момците на ангажманот во одбрана. Мислам дека трчавме добро, постигнавме доста лесни голови од транзиција. Ако играме трпеливо во напад имаме шанси против секого. Тешко е без левак на десен бек, но се снаоѓаме. Одлична партија одигравме и во првото коло, а оваа победа ни е награда за целиот труд. Со тек на времето имаме простор за уште поголем напредок, а за што очекува од сезоната која престои додаде:

-Менаџментот на целиот проект зацрта неколку цели. Преку вториот тим создаваме тим за првата екипа и напоредно се бориме за место во плеј-офот. Мислам дека по квалитет и по прикажаното во пријателските натпревари и на овие два официјални натпревари, тоа и го заслужуваме.

В петок младите пелистерци ќе гостуваат во Богданци против Младост, за што Јовиќ најави дека ќе очекува уште подобро издание на екипата.  

More from СпортMore posts in Спорт »