Press "Enter" to skip to content

Општина Битола го објави јавниот повик за субвенционирање на инвертер клима уреди

Општина Битола согласно Програмата за заштита на животната средина за 2020 година и Правилникот за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди го објави јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во Општина Битола за набавка и монтажа на
високоефикасни инвертер клима уреди, на својата веб страница www.bitola.gov.mk.

Целта на јавниот повик е домаќинствата во Општина Битола да ги заменат печките на тврди и фосилни горива кои што ги користат за затоплување на станбениот простор во кој што живеат, преку субвенција за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.

Рокот за електронско пријавување започнува на 18.09.2020 година во 08:00 часот и ќе трае до 02.10.2020 година во 16:00 часот.