Press "Enter" to skip to content

Мегафотогалерија: “Трчај бе“ маратон, во Битола, спортски празник со 520 учесници

Точно во 9 часот, на плоштадот “Магнолија“ во Битола, стартуваше првата трка на 10 километри од “Трчај бе“, а потоа на временска разлика од петнаесетина минути старуваа  натпреварувачите од втората трка на 5 километри. На овој начин се испочитуваа  протоколите и мерките пропишани заради пандемијата од ковид 19. На двете трки во Битола, “Трчај бе“, зедоа учество вкупно 570 пријавени, 250 на 5 километри и 32о на 1о километри. Како што се  вели трчаа натпреварувачи од 7 до 70 години.На „Трчеј бе“ натпреварувачите трчаа поединечно, во групи, или како дел од битолски компании кои заедно во оваа прилика правеа team building activities. Ќе ги споменеме  “Плодност“, Стопанска банка Битола, ЈК Травел, СН компаниите, Аптека Роса Вита…Стартот со истрел од пиштол го означи директорот на трката Никола Димитровски и претседател на АК Олимп од Битола, кој за оваа трка “Трчај бе“ ни рече:-Имавме можност да имаме и 1.000 учесници, но поради ковид мерките, направивме анализа и според тоа каде ќе се трча, какви се условите во Битола, се одлучивме за помал број на учесници. Со тоа да се запазат, испочитуваат протоколите и мерките на заштита, односно ќе се намали  гужвата.На “Трчај бе“ во Битола присуствуваше  и претседателката на Атлетската  федерација на Македонија, која ги поздрви сите учесници, организаторот и битолчани.-Ме радува што претседателот на АК Олимп од Битола, Никола Димитровски е организатор на оваа трка, која мора да кажам  е организирана по светски терк и така изгледа  сега, денес, а ќе расне понатаму.На трката  во Битола, се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, односно сегашни и бивши рекордери и шампиони на патеките од 1.500 метри, па се до маратон.Но сепак најбројни беа рекреативците и оние кои лесно трчаат 5 или 1о километри и секојдневно тренираат.Трката помина во одлична организација, за што организаторите добија пофалби од сите, а за среќа немаше ни повреди на учесниците. -Одлична манифестација, иако е рано утро сепак гледате колку има учесници и публика. Јас сум можеби највозрасниот натпреварувач, истрчав 10 километри, и сакам да упатам апел сите да трчаат, цела година, не само на трката, а тука до година да бидеме 2.000 битолчани, ни рече Ристо Акимовски – Ачимо од Битола, кој има 67 години.Акимовски и ветераните како него докажаа дека дека со спортски дух  и добра кондиција  годините немаат значење.-Продолжуваме со нешто добро за Битола кое еве продлжи да живее, по втор пат, а можам само да ги пофалам организаторите за тоа што ова го организираа и мотивираа толку луѓе. Еден од оние кои се мотивираа сум и јас, по тешка повреда на ногата, започнав да спортувам и ете стигнав до тоа да трчам на неколку маратони, ни рече Наташа Грамосли од Битола со што испрати значајна порака на сите да не се откажуваме од нашите соништа.Покрај спортскиот дел, учесниците имаа и прилика да се дружат, да се забавуваат, а за забавниот дел  се погрижија тандемот водители  на трката „Трчај бе“ актерите Николче Пројчевски и Марјан Горгиевски.Низ фотографиите пренесуваме  дел од атмосферата и како се одвиваше трката денес недела во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”600″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”40″ order_by=”pid”]

More from СпортMore posts in Спорт »