Кочани – Топ гол 1:9
Во рамките на 7 коло од ПМФЛ-жени, б итолчанки на гостувањето во Кочани против истоимената екипа со конечен резултат од 1:9 ја оствари втората победа во низа и прокнижи нови три бода на своето бодовно салдо.
Натпреварот се одигра на градскиот стадион во Кочани, според протоколот за заштита од ковид 19. во крајно фер игра од страна на двете екипи.
-Честитки за новата победа и високиот резултат. Оваа победа дојде во вистинско време за подобрување на атмосферата и гол разликата. Ни влева повисоко ниво на самодоверба и мотивирано да се подготвиме за следниот натпревар против Истатов, изјави шефот на стручниот штаб Кире Грбевски.
За Топ гол головите ги постигнаа Нешковска,Бумбаровска, Талевска, Петровска по еден, Гелевска постигна два погодоци и Јанкоска на три пати.
За Топ гол настапија: Ничевска, Бумбаровска, Стојчевска,Нешковска,Китанова, Гоцевска, Талевска, Петровска, Гелевска, Јанковска и Димитровска уште играа Крстевска, Стојковска и Љондева.