Press "Enter" to skip to content

Златко Гецовски победник во категорија мастерс на ридската трка во Битола (Фотогалерија)

-Медали освоија и МихаилБогдановски -сребро и Фросина Начовска – бронза во У-13 од Битола.

-Трката помина во одлична организација на велосипедскиот клуб Пелистер 15 Мај од Битола.Во организација на велосипедската федерација на Македонија и велосипедскиот клуб Пелистер од Битола се одржа трка од државното првенство во ридска категорија, која се возеше од хотелот “Капри“ до ски-центарот “Стрежево“ во Нижеполе.Трката во должина од околу 11 километри се натпреваруаа стотина возачи од сите клубови од Македонија, а помина во одлична организација, без застои и без повреди.На трката златен медал освои Златко Гецовски од Пелистер 15 Мај од Битола во конкуренција, а медали освоија и Михаил Богдановски (второ место) и Фросина Начовска (трето место) во конкуренција У-13.-Настапивме со осум возачи од кои еден во мастерс карегорија, еден во сениори, еден јуниор  и  во младинските категории У-13 и У-15, а од задоволен сум од резултатите, иако можевме реално да имаме уште еден медал, но трката е тешќа, многу искусни возачи беа на патеката, а нашите младинци на кои ова им е прва трка од ваква категорија започнаа да “берат“ искуство, вели Африм Јусуфи за постигнатите резултати, а за самата организација додава.-Тешко е да организира ваква трка, се обезбедува сообраќајот, судиите треба да го следат секој возач за да биде регуларна, но заедно со федерацијата и ние како клуб успеавме да наравиме пред се регуларна трка, а и во секој поглед успешна. Секако тука се членовите на клубот, како и пријателите на клубот. Мора да ги споменам и оние кои помогнаа се да биде како треба, како што се хотел “Капри“ пто ни отстапи пракингот, пекарата “Александар“, “Вила Виста“, “Тиерс Комерс“,, “Македонија пат”, Црвениот крст, “Витаф диет“, но секако и “Водводод“ Битола и Горан Козаров кој несебично ни помага на клубот.Кога сме кај трката треба да го споменеме и Николче Дамјановски од Битола, кој беше првак во сениори, но се натпреварува за клубот од Велес.

[ngg src=”galleries” ids=”605″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”40″ order_by=”filename”]

More from СпортMore posts in Спорт »