Пелистер – Деволи 2:1 (1:0)
Настапите на македонската фудбалска репрезентација и слободниот викенд термин, фудбалерите на Пелистер од Битола го искористија да одиграат пријателски контролен натпревар.
“Пелистерци“ во Битола, под Тумбекафе, одиграа меѓународен пријателски натпревар против Деволи од Балш, Албанија.
Избраниците на Зоран Штерјовски забележаа победа од 2:1, полувреме 1:0, а головите за Пелистер ги постигнаа Нето и Пејаковиќ во продолжението.
Во следното 9. коло на ПМФЛ, кое ќе се одигра следниот викенд Пелистер гостува во Тетово против Ренова.






