Пелистер Волеј – Ускана 3:0 (25:08, 25:15, 25:09)
Одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола, денес во салата на Медицинското училиште, постигнаа голема победа на стартот на новата сезона со максимални 3:0 над кичевската екипа Ускана.
Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, по завршувањето на натпреварот во Битола кратко рече:
Тотална доминација од првата минута, иако се очекуваше изедначен натпревар. Пелистер Волеј се покажа како пресилен противник и за 1 час и 5 минути го доби првиот натпревар.
Поените ги освоија: Ана Пејовска 11, Теодора Андоновска 9, Ивана Василевска 9, Стефани Најдановска 9, Ева Трпеновска 8, Тамара Жабјановска 3, Меланија Каралиоска 2, Ана Марија Шехи 1 и Анастасија Ристевска 1.
[ngg src=”galleries” ids=”612″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]






