Press "Enter" to skip to content

Стартуваа одбојкарките, нема позитивни на ковид-19, денес прв натпревар во Битола

Денес старува Првата државна лига на Македонија од новата сезона 2020/21 година, екипата Пелистер Волеј од Битола, ќе игра во групата “Б“. Во рамките на првото коло битолчанки се домаќини на екипата на Ускана од Кичево.

Деновиве според протоколите за играње на натпревари сите одбојкарки направија тестови за ковид-19.

-Нема позитивни на ковид-19 кај сениорките на Пелистер Волеј е резултатот по направените тестирања, и добиените резултатите. Сите се негативни и екипата е комплетна за старт на сезоната, вели тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски.

Денес Пелистер Волеј го игра првиот натпревар против екипата на Ускана, за што Митковски вели:

-Најважно е што сите ги поминавме подготовките за оваа сезона кои бевме приморани да ги правиме на нов начин, а уште поважно е тоа што сите сме негативни на ковид-19 тестовите. Што се однесува пак до стартот на сезоната и првото коло влегуваме со многу непознаници, но се надеваме на победа на стартот на сезоната.

Натпреварот започнува во 15 часот во салата на Медицинското училиште, а натпреварот ќе го суди судиска двојка Ѓоре Зафироф и Сашо Новачев од Велес. Делегат ќе биде Андреј Николоски од Крушево.

More from СпортMore posts in Спорт »