Press "Enter" to skip to content

Пелистер во Битола носи бод од гостувањето во Гостивар

Ренова – Пелистер 0:0

Екипата на Пелистер одигра нерешено, без бодови, против Ренова, а натпреварот се одигра во Гостивар, наместо во Тетово.

Во првото полувреме домаќините имаа шанса да постигнат водство уште во шестата минута, кога Мухарем промаши од неверојатна позиција, а во 21. минута Хот беше соборен во шеснаесетникот на Ренова но, според судијата недоволно за пенал.

Во вториот битолчани беа подобар противник, но се помина без голови, по ударите кон голот на Хот и Пејаковиќ. Кон крајот на натпреварот Селмани ја погоди стативата, а на другата страна Маневки го направи на спротивниот гол.

Пелистер со овој бод се искачи на осмата позиција на табелата, а во следното коло Пелистер на свој терен ќе ја пречека Струга Трум Љум.

More from СпортMore posts in Спорт »