Press "Enter" to skip to content

Со три гола на Гелевска, нова победа на фудбалерките на Топ гол во Битола

Топ гол – Борец 3:0

Екипата на Топ гол од Битола оствари нова победа во рамките на 10 коло од ПФЛ за жени. Со конечен резултат од 3:0, битолчанките како донаќини ја совладаа екипата на Борец од Велес. Натпреварот се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола.

Со Хет-трикот на Гелевска, Топ гол прокнижи нови три бода на своето бодовно салдо.

За Топ гол настапија: Ничевска, Бумбаровска, Размовска,Гоцевска, Нешковска, Стојчевска, Талевска, Петровска, Гелевска, Јанковска и Љондевска. Уште играа: Ковачева, Трајчевска, Д. Стојчевска, Нешковска и Гарабилевиќ.

-Честитки до фудбалерките за новата победа. Битно е што продолживме во победничка серија. За играта не коментирам, но најважно е што победивме. Пофални зборови за двете екипи за нивниот фер-плеј однос во натпреварот, изјави Кире Грбевски шеф на стручниот штаб на Топ гол.

Следниот натпревар Топ гол го игра против градскиот ривал Атлетико.

More from СпортMore posts in Спорт »