Press "Enter" to skip to content

Емотивна разделба на тренерот на Пелистер Волеј, Александар Димовски, кој од утре ќе живее и работи во Германија 

Каква симболика, тука каде се започна во 1991 во салата на ОУ “Елпида Караманди“ во Битола, тогаш како дете ентузијаст кој одбојката ја замислуваше само како забава, а денес одличен тренер, ја прекина кариерата како тренер на клубот, Александар Димовски од Пелистер Волеј.Александар Димовски е тренер на одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола,  ја предводеше генерацијата пионерки до првата шампионска титула во 2019, човек кој повеќе пати бил дел и од репрезентацијата на Македонија и се уште е актуелен кондиционен тренер на У-19, вечерва го одрабоиа последниот тренинг.Крајно професионален, посветен и одговорен каков што од секогаш бил, вечерва не остана имун на солзите на оние кои до вчера ги предводеше и со кои макотрпно работеше години наназад, во тимот на Пелистер Волеј од Битола.Димовски од своите ученички, одбојкарки на Пелистер Волеј, како спомен на деновите, натпреварите, титулите, доби албум со слики и текст посветен од кој навираат само солзи, а имаше и скромни подароци и за неговата ќерка Сара, која е дел од пионерската екипа на Пелистер Волеј.-Несомнено ќе фали во нашиот клуб повеќе од било кога, но животот е таков. Му ја посакуваме целата среќа во иднина, а Пелистер Волеј во Битола, останува секогаш негов дом, од каде и кога и да посака можи да се врати и ќе биди добредојден, во еден глас кажаа сите во салата на ОУ “Елпида Караманди“ во Битола.Како благодарност клубот му посвети една топка на која се најдоа имината и потписите на неговите најблиски соработници и тренери со кои тој ги мина сите овие денови. Доби и една маица со посебна посвета и лого на клубот, а исто така и специјално изработена чаша со логото и името на клубот, Пелистер Волеј – Битола.

-Аце, ти благодариме за се, порачаа му порачаа од Пелистер Волеј, а и “Битолањус“ му посакува многу успех во Германија, и секако му благодари за досегашната соработка.
More from СпортMore posts in Спорт »