Press "Enter" to skip to content

Есенски училишен крос во Битола, на Шеталиште (фотогалерија)

Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, денес се одржа есенскиот училишен крос на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта.Есенскиот крос се одржа на Шеталиштето во Битола, каде беше одбележана патеката за трчање на учениците.Според Михајло Трампевски, претседател на Сојузот за училишен спорт на кросот, на стартот се појавија помалку ученици од лани, ги имаше од сите основни и средни училишта од Битола, кои се натпреваруваа според возраста. Не беа поканети најмалите ученици поради нивна безбедност.На патеката која беше одбележана и обезбедена на градското шеталиште за првите три места во поединечна конкуренција по возраст и за екипни победници се водеше борба до последните метри на целта која беше кај спортската сала “Боро Чурлевски“.Во екипна конкуренија кај основните училишта победник е ОУ “Св. Климент Охридски“, второплсирано беше ОУ “Тодор Ангелевски“, а на трето место ОУ “Коле Канински“Кај средните училишта најдобри беа средношколците од Гимназијата “Ј.Б. Тито“, следуваат медицинското училиште “Јован Калаузи“ и економското “Јане Сандански“.

 

More from СпортMore posts in Спорт »