Press "Enter" to skip to content

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Чаневски: патуваме во Данска без натпревари, но не се предаваме, одиме да се натпреваруваме

На 5 дена пред првиот официјален натпревар на ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола со оптимизам ги привршуваат завршните подготовки пред заминувањето за Данска.

Овој натпревар Еурофарм Пелистер ќе го игра по повеќе од осум месеци екипата на Жељко Бабиќ ќе излезе на мегдан во европски дуел, а капитенот Градимир Чаневски за атмосферата во тимот, на вчерашниот тренинг ни рече:

-Имавме доста време да се подготвиме. Ни недостигаат натпревари и самото одложување на натпреварот против Татабања направи да патуваме во Данска без ниту еден одигран дуел. Тие се во натпреварувачки ритам, одиграа половина есенски шампионат и еден натпревар во Европа, во Швајцарија. Одиме да се натпреваруваме, се подготвуваме, не знаеме до каде сме сè уште.

Последните десетина дена Бабиќ и асистентите комплетно го анализираа ГОГ Гудме, а имаа можност и да ги следат натпреварите против Ејсберг и Кадетен Шафхаузен.

-Отсуството на Олсен за нив е хендикеп во една смисла, но во друга смисла е предност. Имаат многу млади ракометари, данската школа е одлична. Ги анализиравме и се спремаме за нив, заврши капитенот.

More from СпортMore posts in Спорт »