
-Агенцијата за регионален развој на Пелагонија (ПРЕДА), во Битола се одржа церемонијата по повод десеттиот јубилеј на фондацијата, која и денес има активности во Битола и е носител на проекти, како последниот помагаат за вработување на млади лица, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-На церемонијата во хотел “Епинал“ во Битол, зборуваше и тогашниот претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, каде рече дека “ПРЕДА“ е одличен пример за соработка меѓу државата, граѓаните и деловната заедница.
Зборуваше и Маријана Милевска која и сега е дел фондацијата ПРЕДА, чие функционирање е поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Говорејќи на настанот, тогашнара швајцарската амбасадорка во Македонија, Никол Вирш, рече дека со поддршка на земјата PREDA успеала да обучи повеќе од 100 професионалци и овозможила 38 претпријатија од пелагонискиот регион да бидат претставени на саемите низ цела Европа.
На церемонијата по повод јубилејот на ПРЕДА присуствуваа и министри, регионални градоначалници и претставници на граѓанскиот сектор.











