Бами Кор – Пелистер Волеј 0:3 (21:25; 10:25; 11:25)
Нова победа за 2 од 2 и нови 3 бода е краткиот извештај од гостувањето на одбојкарките на Пелистер Волеј од Битлола во Тетово, каде убедливо ја совладаа домашната екипа која немаше сили да освои ниту еден сет.
По враќањето во Битола, тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:
-Освен во првиот сет во кој домаќинот беше страшно мотивиран во кој отпорот го скршивме на самиот крај, во следните два сета Пелистер Волеј доминираше и не дозволи никакво изненадување во салата “Гоце Делчев“ во Тетово, а што се однесува пак до играта тој додава:
-Капитенот Жабјановска ја разигра целата екипа, а либерото Стојановска одигра одлична партија.






