Press "Enter" to skip to content

Втората (не)позната  страна на Баба планина, Пелистерски патокази низ текст и фотографии (32)

Одлична патека за возење во која ги има сите елементи на планинскиот велосипедизамво должина од околу 40 километри. Искачување до Ореово, уживање во природата и погледот на целата Пелагонија, а да не го заборавиме и екстремниот “downhill“. 

Ако во минатите  авантури  ја истражувавме северната страна на Баба планина во правец на превојот Ѓавато низ соседните селата и пределите околу Стрежевското езеро оваа сабота во стандарден состав се решивме да возиме кон југ односно кон Злокуќани и Велушина.По традиционалното утринско кафе, но овој пат на бензиската пумпа “Макпетрол“ на излезот од Битола кон Грција, се упативме кон село Ореово. Патот поминува низ село Буково и е асфалтиран до самото село, а под самото село се наоѓа селската чешма каде  направивме пауза. Чешмата за потребите на селото е направена далечната 1936 год од Василија Богдановиќ за кој постои камен плоча. Пред неколку години на иницијатива на црковниот одбор од самото село чешмата е реновирана, местото е уредено,  а направени се и излетнички клупи.На наше задоволство во моментот го затекнавме дедо Петро кој е роден во Бања лука и овој период престојува во Буково.-Како велат од кај што тие жената од таму си и ти“ беа зборовите на дедо Петро кој ни раскажуваше дека од кога е направена чешмата посотојано има вода и ова место нуди вистинска свежина особено во летниот период.-Оваа патека е многу пријатна за возење, помалку е позната но доста е атрактивна поради убавиот пејсаж и постојаното сонце на самата патека. Мал број на граѓани се решаваат да возат во овој правец,  овој крај изобилува со манастири и цркви и секогаш има избор за посета на различен манастирски комплекс каде ќе ве пречекаат љубезни домаќини и ќе ве понудат со храна и пијалок, објасни за патеката проф. д-р Игор Неделковски, вљубеник во планински велосипедизам.По земјениот пат се искачивме над селото и на  километар од чешмата патот се дели на два правци. Едниот продолжува кон Буковскиот манастир “Св. Преображение Христово“, а вториот правец води кон село Злокуќани, а ние според договорот кај “Макпетрол“ се упативме кон Злокуќани.-Ова е прв пат за мене да возам во овој правец, погледот е прекрасен и добив поинакава прецепција за каналот од оваа страна. Земјената патека има исклучок кон секое село, а тоа е можност да избериш каде ќе се спуштиш, вели Александар Делов, восхител од она што го виде од каналот кон Пелагонија.Возењето по земјениот пат кон Злокуќани е вистинско уживање во природата и боите кои ги нуди есента. Погледот кон целата Пелагонија и постојаното сонце  дава дополнителна енергија и позитивно расположение за време на целото возење. Раселеното село Злокуќани е попатна станица и прекретница кон југозападната стана на каналот во правец на Велушина. Тука се наоѓа и контролната станица на ЈП “Стрежево“ каде се контролира нивото на водата во стрежевскиот канал.Ако се водите според  GPS апликација точно на 20 километри од “Макпетрол“ по изминатата траса се наоѓа втора разделница на патот, едната води кон село Барешани ,а вторта продолжува во кон село Велушина. Се одлучивме да се спуштиме кон село Барешани, преку адреналинска “downhill“ патека од каналот до манастирот “Св. Меркуриј“, агресивен спуст каде се бара големо внимание и претпазливот.Со неговата топла срдечност не пречека домаќинот чичко Драги и во кафе муабет ни раскажа за историјатот и лековитоста на “Св. Меркуриј“.-Овој манастир е еден од најпосетуваните манастири во текот на целата година, прво поради својата местоположба, а второ поради својата чудотворна моќ за добивање на пород. Многу брачни двојки и од христијанска и од муслиманска вероисповед доаѓаат тука да се помолат и побарат помош од светецот, беа зборовите на чичко Драги кој не прошета низ манастирскиот комплекс.Секоја авантура завршува со ладно пиво пред некоја селска продавница. Во реновираниот парк во село Бистрица (кај чешмата) на прекрасното саботно сонце, пивото со петокрака се вклопи во партизанскиот амбиент.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »