Press "Enter" to skip to content

Прв домашен пораз на одбојкарките на Пелистер Волеј во Битола (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Струмица Жени 1:3

(19:25; 26:24; 21:25; 18:25)Во натпревар од третото коло од првата државна лига во одбојка за жени, екипата на Пелистер Волеј во Битола е поразена од гостите од Струмица Жени, со 1:3 по сетови, а во хатпревар со многу грешки и осцилации.За овој натпревар тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Миковски, по завршувањето рече:-Добро започнавме иако од првите 5:5 сите поени беа наши дури и оние на гостинската екипа, но во негативна насока. Сет во кој имавме добар прием, одличен блок, но и лош сервис, па корист имаа гостинките. Вториот сет некако го добивме со пресврт на крајот, во кој гостинките пак заработија две повреди за кои искрено жалиме. Третиот сет беше неизвесен до сам крај, но на 22:21, по една спорна ситуација сетот замина повторно во несакан правец.Во Пелистер Волеј  поените ги освоија: Ана Пејовска 16, Ева Трпеновска 12, Теодора Андоновска 10, Ивана Василевска 5, Стефани Најдановска 4, Тамара Жабјанивска 1, Михаела Цветановска 1, Меланија Каралиоска 1 и Андреа Стојановска 1.

[ngg src=”galleries” ids=”621″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from СпортMore posts in Спорт »