По повод денот на ослободувањето на Битола, 4. Ноември во градскиот парк се одржа 62. ноќна атлетска трка која традионално е во организација на Сојузот на спортови од Битола.
За разлика од изминатите 62 години овој таа ноќната трка имаше ревијален карактер.
Претседателот на Сојузот на спортови од Битола, Димче Миновски за годинашното издание на ноќната трка рече:
-Оваа ноќна трка е еден од симболите на Битола на денот на ослободувањето. 61 години оваа трка била натпреварувачка, а за медали по секакво време по дожд, снег, студ, ветер трчале ученици, средношколци, војници, граѓани, работнни луѓе, студенти, граѓани, ветерани. Денес, на 62. издание за прв пат имаме ревијална трка поради препораките за заштита од ковид-19.
За тоа како се организира ноќната трка оваа година, потпретседателот на Сојузот на спортови од Битола, Ѓуро Илиќ објасни:
-Трката има ревијален каректер, а наместо околу илјади битолчани трчаа само 17 по еден претставник од секое основно и средно училиште од Битола, кои добија лично диплома за учество како сеќавање за оваа ревијална трка, а наместо медали за победниците како лани, секое училиште доби по три топки, за кошарка, фудбал и ракомет.
Иако ноќната беше ревијална сепак на стартот битолчани сакаа да трчаат.
Претседателот на Сојузот на училишен спорт, Михајло Трампевски, кој беше на стартот рече:
-Дојдоа ученици и граѓани за да трчаат и да бидат дел од 62. ноќна трка во Битола. Но на сите им објаснивме дека нема трка туку само ревијален карактер поради ковид-19 мерките. За жал традицијата е тука меѓу нас, а трката е дел од спортскиот живот на Битола.
С.Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”622″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






