Press "Enter" to skip to content

Новиот кошаркарски тим Битола-Медика Карта стартува од Втората лига

Во Битола, започна нов кошаркарски проект под името КК Битола-Медика Карта кој оваа сезона ќе се натпреварува Втората кошаркарска лига, кој е формиран во 2020 година на иницијатива на млади спортски ентузијасти од Битола.

Целта на формирањето на кошаркаскиот клуб е унапредување на кошарката, како спорт за развој и вклучување на младата популација во неговото практикување, во Битола.

Тимот ќе биде составен од млади надежни Битолски играчи, во комбинација со тројца искусни играчи кои што имаат натпреварувано во Првата лига.

Со екипата ќе работат двајца тренери Мико Голубовиќ и Дамјан Велјанов.

Мико Голубовиќ е играч кој што е добро познат на битолската публика, има интернационално искуство и настапувано во преку 10 европски земји.

Дамјан Велјанов е ново име во тренерски води, претходно искуство има со работа во младинските школи на КК „Вардар“ Скопје.

Главни спонзори на клубот се аптека “Медика Карта“ од Битола и туристичка Агенција “Миг Травел“ од Битола.

Согласно протоколите во моментот не е дозволена публика, но да се надеваме дека за брзо битолската публика ќе има прилика да го поздрави овој проект.

More from СпортMore posts in Спорт »