Пред денешниот натпревара од “Д“ групата од Лигата на Европа кој ќе се игра во Битола, во спортската сала “Младост“, ракометарот на Еурофарм Пелистер, Мартин Велковски за неговите очекувања и како го коментира вечерашниот натпревар и играњето без публика на последниот тренинг рече:
-Шафхаузен е квалитетна екипа, подолго време играше во Лигата на шампионите, имаат доста репрезентативци на Швајцарија. Сепак, мислам дека ние сме поквалитетна екипа и ќе победиме. Се знае каква атмосфера се прави кога има навивачи во Битола. Тоа ни беше голема помош минатата сезона и многу ќе ни недостигаат нашите фановите. Но, така е за сите екипи, па и за нас и мора да се навикнеме.






