Еден од најмладите ракометари на Еурофарм Пелистер од Битола, Ненад Костески, по завршувањето на синоќешниот натпревар во Битола рече дека жали што тој и неговите сограчи не ја запишаа првата победа во Европската лига.
-Имавме прекрасно прво полувреме, водевме шест разлика на паузата, но одлучи падот во второто полувреме. Имавме доста заразени играчи со коронавирус, немавме доволно време за подготовки и сето тоа си го зеде данокот. Жал ми е затоа што не победивме на овој меч, затоа што навистина го заслуживме триумфот, рече младиот македонскиот репрезентативец Костески на редовната прес-конференција по завршувањето на натпреварот во Битола.
Во Битола, домашниот тим имаше позитива речиси во текот на целиот натпревар, но во клучните моменти потфрли и во нападот и во одбраната и одигра без победник 25:25 против Кадетен Шафхаузен.
Следен предизвик за битолскиот тим е Рајн Некар Левен на гости во Германија.






