Академија Пандев – Пелистер 3:2 (2:1)
Спортски Центар „Пандев“ Струмица, играно без гледачи
Судија: Јосип Бартон (Скопје)
Стрелци: Миловановиќ, Драгарски (ав.гол) и Радески за Пандев, Кочоски два пати од пенал.
Жолти картони: Томовски, Алчевски, Крстовски, Николов, Радески, ПАндев (АП) Борха, Поповски, Драгарски, Спиркоски (П)
А. Пандев: Алчевски, Димов, Илиев, Николов, Миловановиќ (Маслаќ 55‘), Велиновски (Талаков 86‘), Радески, Томовски, Димоски, Серафимов (ПАндев 73‘), Трапановски (Крстовски 55‘)
Пелистер: Талески, Илиевски, Спиркоски, Хот, Бошковски, Борха, Кочоски (Нето 79‘), Фазлију, Поповски (Николовски 86‘), Драгарски, Талевски (Маневски 57‘)
Тимот Пелистер од Битола е поразен на гостувањето во Сттрумица од екипата на Академија Пандев со конечни 3:2, со голот на Радески во 88. минута од пенал.
Првиот гол на Академија Пандев го постигна, рано, во 8. минута, кога Миловановиќ биеше од 17 метри, а потоа Кочоски во 18. минута реализира пенал за Пелисте за 1:1. Кристијан Драгарски во 40. минута си го постигна веројатно најефектниот автогол некогаш виден на нашите терени, со лоб удар од преку дваесет метри за 2:1 на полувреме за Академија Пандев
Во второто полувреме, во 60 минута нов пенал за Пелистер, а ште еднаш, прецизен Валентин Кочоски во 61 за 2:2. Во 88. минута и трет пенал, но овој пат за Академија Пандев, кој Марјан Радески го претвора за домашна победа од 3:2.
Со овој пораз Пелистер останува на деветтата позиција на табелата со 12 бода, со две победи, шест нерешени натревари и три порази.






