Ракометарите на Еурофарм Пелистер утрово, од Битола, со лет преку Белград, пристигнаа во Махнхајм, каде утре ќе се соочат со Рајн Некар Левен, третиот противник во групата “Д“ на Европската лига, а вечер ќе го имаат и тренингот во салата во Махнхајм.
На синоќешниот тренинг во Битола, екипата одработи лесно, а тренерот Жељко Бабиќ ги одреди и играчите за утрешниот натпревар, а во екипата нема да бидат Граџан, Костески и Маџовски.
-Бевме под корона во минатиот период, но мене не ме загрижува падот во вториот дел од натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Тоа е нормално. Игравме добро во првиот дел, водевме, но потоа паднавме физички и не издржавме. Момците дадоа што имаа, но нетренирањето и коронавирусот оставија трага. Што се однесува до натпреварот во Германија, Рајн Некар Левен е фаворит, силна екипа и лидер во Бундеслигата. Но, јас се радувам на натпреварот, нам ни е страшно важно да играме, не треба да заборавиме дека сме потполно во контра ритам. Немаме натпревари, не трениравме и нам сè ни е добро, без разлика што Рајн Некар Левен е силен тим. Се надевам дека ќе одиграме како и секогаш цврста одбрана. Притисокот мислам дека нема врска ни за нас, ни за нив. Треба да бидеме опуштени за да го дадеме максималниот потенцијал. Но, верувам дека притисокот нема врска и секој ќе го даде максимумот, ни изјави вчера Бабиќ на тренингот во салата на Медицинското училиште.
Гоце Ојлески, ракометарот на Еурофарм Пелистер веќе е подготвен за утрешната средба и вели:
-Секако дека коронавирусот остави трага. Не е лесно да си надвор од тренажен процес десетина дена. Видовме како тоа се одрази на натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Атмосферата не се наруши, продолживме да тренираме, да ја вратиме снагата и да се подготвиме за натпреварот во вторник. Рајн Некар Левен е фаворит во групата. Не е лесно да се игра против нив, посебно на гостински терен. Нема што да загубиме, одиме да играме европски ракомет и можеме само да добиеме и да се воиграме за следните натпревари кои ни следуваат.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола пристигнаа во Махнхајм, ќе дадема максимум-вели Бабиќ (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





