Еурофарм Пелистер вечерва во Битола ги одработи последните подготовки пред заминувањето за Словенија, каде се игра мечот против Тримо Требње, а стратегот Жељко Бабиќ не води тројца ракометари на мечот од Европската лига, со оглед на тоа што во протоколот може да се пријават шеснаесет ракометари и ќе останат во Битола.
Дел од составот на тимот од Битола, и во новиот меч од натпреварувањето на ЕХФ нема да бидат Милан Ѓукиќ, Елмир Граџан и Дејан Куковски, а тројцата се во ред, не се работи за повреда, туку е одлука на стручниот штаб.
“Пелисреци“ заминуваат за Словенија утре, а натпреварот Тримо Требње – Еурофарм Пелистер се игра на први декември од 20:45 часот.

Еурофарм Пелистер со истиот тим од Данска во Словенија, кај Тримо Требње (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





