Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени од Работнички во Скопје

Работнички Скопје – Пелистер Волеј 3:0

(19:25; 23:25; 11:25)

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола, забележаа пораз во 7. коло од државната лига, на гостовањето во Скопје од силната екипа на Работнички Скопје.

-Работнички сосема заслужено го доби овај натпревар, но не ќе беше незаслужено да добиеме барем сет во одличното издание, особено во првите два сета. Во вториот сет имавме 23:23 и сервис, па и можност за израмнување, но искуството си го направи своето, кое секако беше на страната на домаќинот, велат од Пелистер Волеј, кои додаваат:

-Одлична и достоинствена борба на нашите девојки, но ни престојат многу натпревари на кои ние ќе го билдаме искуството на нашите млади одбојкарки.

More from СпортMore posts in Спорт »