Press "Enter" to skip to content

Бабиќ: се враќаме во натпреварувачки ритам, нема фаворити во лига Европа

Денес ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола заминаа за Словенија, прво со авион до Загреб, а потоа со автобус до Љубљана, каде утре ќе играат против екипата на Тримо Требње.

На последниот тренинг во Битола, Жељко Бабиќ, тренерот на Еурофарм Пелистер, за гостувањето во Словенија рече:

-Верувам дека во ова натпреварување нема фаворити, посебно што многу екипи имаа проблеми со ковид-19. Видовме дека Тримо Требње ја победи Татабања, иако унгарскиот тим беше фаворит. Мислам дека улогата на фаворит не треба ни да се спомнува. Важно ни е што се враќаме во натпреварувачки ритам, ова ни е трет натпревар во низа, имаме интензитет на тренинзите, играчите се поспремни од пред 10-15 дена и очекувам добра презентација на нашиот тим.

За утрешниот противни Бабиќ рече:

-Од мој тренерски агол можам да кажам дека Урош Зорман врши одлична работа. Одличен тренер е и тоа е видливо на секој чекор. Екипата е дисциплинирана, страотно брза, казнува од транзиција, добро играат еден на еден и со пивотмен. Тимот е одлично селекциониран и добро воден од тренерот Зорман.

More from СпортMore posts in Спорт »