ФК Пелистер до Битола, денес, спогодбено дојде до одлука да го раскине договорот со шефот на стручниот штаб Зоран Штерјовски.
По се изгледа вчерашниот пораз во Битола, од кратовски Силекс, беше последната причина Зоран Штерјовски, но и претходните резултатите не му одеа во прилог на 45 годишниот тренер.
Од таборот на “пелистерци“ му се заблагодарија на Штерјовски за професионалната работа, остварените резултати и му посакува успех во понатамошната кариера.
До назначувањето на нов шеф на стручниот штаб, в среда против Работнички екипата ќе ја води помошникот Димитар Капинковски.
Пелистер по 13 кола е на деветтото место со две победи, шест нерешени и пет порази.






