Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 во Битола го победи Младост од Богданци

Еурофарм Пелистер 2 – Младост 36:23 (20:11)

Во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го совладаа тимот на Младост Богданци и со оваа победа битолчани се вратија на третата позиција.

“Пелистерци“ уште од самиот старт резултатски се одлепи на +7 (8:1). Ракометарите на Младост  пробаа да се вратат во игра, но ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 не оставија ништо на случајност и на полувреме заминаа со 20 постигнати гола во противничката мрежа и позитива од девет гола. 

На почетокот на второто полувреме ракометарите од Битола ја “стегнаа“ одбраната и на ракометарите на Младост не му дозволија да постигнат гол цели 12 минути, а на средината на полувремето разликата беше + 10, а на крај максимални +13 (36:23).

Најфикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше крилото Стоилевски со шест гола.

More from СпортMore posts in Спорт »