Press "Enter" to skip to content

Пораз на Еурофарм Пелистер на гостувањето во Словенија

Тримо Требње – Еурофарм Пелистер 28:23 (14:12)

ометарите на Еурофарм Пелистер се враќаат во Битола, со пораз на гостувањето во Љубљана, од екипата на  Тримо Требње 28:24, полувреме,од натпревар од групата “Д“ од Лигата на Европа.

Првото полувреме беше изедначено, а екипата од Битола во еден момент имаше и гол предност, 4:5, а домаќините успеаја да се вратат и да ја имаат иницијативата во натпреварот. Потоа следуваа предност за домашните од 12:8, за Пелисрер да намали на 12:11, но за одмор се отиде со +2 за Тримо Требње, 14:12.

Во второто полувреме Еурофарм Пелистер да дојде ритам кој ќе донесе изедначување и водство, иако според она се случуваше на  теренот имаше можност за тоа, но грешките во нападот и одрбаните на домашниот голман тоа не го дозволија. Најголемата шанса за изедначување “пелистерци“ ја имаа на 19:18 за Тримо Требње. Во финишот се повреди и голманот Трајкоски и започна растење на негативата на Еурофарм Пелистер, која стигна и до шест гола на пет минути, за потоа да се намали.

More from СпортMore posts in Спорт »