Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола одиграа лош натпревар во Љубљана, Словенија и се поразени од Тримо Требње, со резултат 28:24.
По завршувањето на 5. коло од “Д“ лигата од Европската лига, на редовната прес-конференцијата, тренерот на екипата од Битола, хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ изјави:
-Посебно во првиот дел многу промашивме и тешко е да се игра во Европа ако се шутира толку лошо. Чувствувавме притисок и мора нешто да сменам за натпреварот по седум дена. Честитки за Тримо Требње, за ракометарите и за тренерот Урош Зорман.
Веќе за седум дека истите екипи ќе се сретнат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, на 8 декември во 20:45 часот.






