Press "Enter" to skip to content

Прва победа на Пелистер Волеј во Битола во “фаза 2“ од натпреварувањето

Пелистер Волеј – Бами Кор 3:0

(25:11; 25:22; 25:03)

Денес започна втората фаза 2 од продолженито на државната одбојкарска лига на Македонија, во која екипата на Пелистер Волеј од Битола, стартуваше од првата стартна позиција, а “пелистерки“ ќе водат вистинската битка за првите две места, во двокружен систем од 14 кола по принципот дома-гости.

Пелистер Волеј, попладнево, на домашен терен, во медицинскоот училиште во Битола, ја победи  екипата на Бами Кор со резултат 3:0 по сетови.

-Очекувана, но значајна и убедлива победа над екипата на Бами Кор од 3:0. Уште во првиот сет веќе се беше јасно како ќе заврши натпреварот, па иако дојде до очекувано опуштање во вториот сет, девојките не дозволија изненадување и во третиот само ја потврдија апсолутната доминација, рече кратко по завршувањето на натпреварот, Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј.

Поените ги освоија: Ева Трпеновска 16, Теодора Андоновска 9, Стефани Најдановска 8, Ана Пејовска 8, Ивана Василевска 3, Михаела Цветановска 3, Меланија Каралиоска 2, Ивана Белокозовска 1, Анастасија Ристевска 1.

Наредната сабота ја Битола, Пелистер Волеј ја пречекува второпласираната екипа на Фит Фан Волеј, која исто така е еден од дирекните конкуренти за оваа позиција.

More from СпортMore posts in Спорт »