Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на фудбалерите на Битола, шести по ред, овој пат во Ѓорче

Македонија ЃП – Пелистер 2:1 (1:1)

Нов шест по ред пораз на фудбалерите на Пелистер од Битола, овој пат на гостувањето во Ѓорче, кај екипата на Македонија ЃП  2:1, полувреме 1:1, во 16. коло од ПМФЛ.

Екипата на Македонија прва поведе со голот на Ганецот Калид, а потоа екипата од Битола израмни на 1:1 со голот на Илиевски.

Но, иницијативаната на Македонија ЃП им донесе втор гол, а стрелец повторно беше Калид, за 2:1 и три бода.

По 16 одиграни кола Пелистер се наоѓа на претпоследното место на табелата со освоени 12 бода, пред последната Беласица со 9 бода.

 

More from СпортMore posts in Спорт »