Press "Enter" to skip to content

Ракометарите и стручниот штаб победата ја посветија на нивниот спонзор “Еурофарм“ за 20 роденден

Екипата, ракометарите и стручниот штаб, соноќа им се радуваа на првата победа во новото натпреварување на ЕХФ, Европската лига, откако на свој терен во Битола, ја победија екипата на Тримо Требње, сигурно, без победата да биде под знак на орашање, со резултат  33:26 .

Победата над словенечкиот претставник од тренерски агол вечерва ја анализираше Божидар Мојсов, од Еурофарм Пелистер од Битола, помошникот на Бабиќ,  кој на официјалната прес-конференцијата  по завршувањето на натпреварот рече:

-Честитки за противничката екипа за борбената игра, Тримо одигра цврст натпревар и беше многу тешко да се игра. Оваа победа во Битола ни беше многу потребна, и истата е како еден вид на шлаг на тортата за напорната работа. Имавме и проблеми сами со себе, па затоа сметам дека овој успех ни е добредојден за да ја вратиме самодовербата. Исто така сакам да им честитам на сите играчи за посветената и борбената игра и за крај сакам да му го честитам 20-от роденден на нашиот главен спонзор Еурофарм и заедно да славиме уште многу победи.

More from СпортMore posts in Спорт »