Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелситер Волеј во Битола по тешка борба за секој поен и без спортска среќа (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј

2:3 (19:25; 24:26; 25:22; 25:23; 12:15)

Драматичен, крајно возбудлив и неизвесен натпревар за крај на 202о во кој после цели 2 часа и 50 минути игра, Пелистер Волеј е поразен дома на свој терен во Битола од екипата на Фит Фан Волеј.Тренерот на одбојкарките од Битола, Роберт Митковски, малку разочаран од неочекуваниот домашен пораз, по завршувањето на натпреварот рече:-Првиот сет го започнавме лошо, фативме приклучок но прекасно и на семафорот беше 1:0 за гостите. Сепак во вториот сет заигравме многу подобро, водевме се до втората третина на сетот, кога влеговме во една серија на грешки, беше и 19:19, први дојдовме до сет топка 24:22, но сетот крајно драматично повторно замина во корист за гостите. Пред почетокот на третиот сет се договоривме дека нема предвање до последен поен, што и се случи па се наговести можен пресврт. Третиот и четвртиот сет ги освоивме сосема заслужено и се изборивме за петти решавачки сет, а за завршница, за петтиот сет од натпреварот додава:–Петтиот сет започнавме сосема добро, имавме водство од 6:3, тајма аут и пресврт од 6:7 за гостите. Тајм аут за Пелистер и на промена на страни отидовме со водствомод 8:7. Продолживме добро и беше 10:8 за нас. Тајм аут за гостите и изедначување за 10:10. Тајм аут за Пелистер, но овај пат тоа не беше доволно, мал пад на концентрацијата и краен резултат од 12:13. Сепак освоен е важен бод, а по епската игра од безмалку 3 часа мора да им честитаме на сите наши одбојкарки. Ова беше одличен натпревар во кој немавме среќа.Поените ги освоија: Ева Трпеновска 23, Стефани Најдановска 14, Ана Пејовска 12, Ивана Василевска 8, Теодора Андоновска 6 и Михаела Цветановска 3.

[ngg src=”galleries” ids=”633″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from СпортMore posts in Спорт »