Шкендија – Пелистер 0:1 (0:0)
Играно на “Еколог Арена“ во Тетово. Играно без гледачи
Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).
Стрелец: Маневски 90. (ПЕЛ).
Ж. Картони: Дита, Нафиу, Кривак (ШКЕ), Кочоски, Драгарски, Маневски (ПЕЛ).
Шкендија: Захов, Павич, Бејтулаи, Алими, Ибраими, Тотре, Елези (од 55. Нафиу), Дориев (од 86. Зејнулаи), Дита, Кривак, Незири.
Пелистер: Талески, Спиркоски (од 71. Илиевски), Бошковски, Кочоски, Николовски, Фазлиу, Пејаковиќ, Драгарски, Талевски, Илиески, Алдаир Нето (од 72. Маневски).
Фудбалерите на Пелистер од Битола го направија најголемото есенско изненадување во Првата македонска фудбалска лига, во есенската полусезона, и во Тетово славеа со 0:1 со гол од пенал во судиското надополнување кој во гол и победа го претвори Борче Маневски.
Тетовчани беа подобар ривал уште од самиот старт, а Пелистер се бранеше и мудро чекаше своја шанса по контра или брза транзиција, а така беше како во првото така и во второто полувреме.
Борче Маневски изнуди пенал, заради игра со рака на домашен дефанзивец исо одлично изведен казнен удар, испраќајќи го Захов во едната, а топката на спротивната страна, донесе предност од 0:1 во 91. минута.
Судијата Мечкаровски додели дури осум минути за судиско екстра време Пелистер успеа да се одбрани и да победи на тешкото гостување.






