Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола, утре според ракометните аналитичари забележат победа во првиот натпревар од СЕХА лигата во натпревар на кој се радуваат на дуелот со поранешниот европски првак.
-Најбитно е што почнува СЕХА лигата. Толку ни требаа натпревари, посебно за нашите млади ракометари. Ни требаат да имаме натпреварувачки ритам за Европската лига. Сакав да игравме порано, да одигравме повеќе натпревари, но лично се радувам на стартот и очекувам добар натпревар и победа, вели Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер од Битола.
Хрватскиот стручњак со многу респект зборуваше за Металопластика и легендарниот Веселин Вуковиќ, кој втора година по ред ќе го предводи гигантот од Шабац во Битола:
-Сакам да споменам дека ни доаѓа поранешниот селектор Вуковиќ, сега тренер на Металопластика. Од него учев, заради него и неговата генерација го засакав ракометот. Големо задоволство ми е што ќе го видам и ќе го поздравам. Металопластика има одличен контра напад, две брзи крила, агресивна одбрана 3-2-1 која се трансформира во 6-0. Имаат дефанзивен интензитет и транзиција. Се работи за потентен тим кој сигурно бара одличен пристап и ментален и физички ангажман при секој удар. Имавме одличен настап против Тримо Требње. Играчите се фокусирани и ангажирани и верувам дека и покрај квалитетите на екипата од Шабац, ќе ја повториме партијата од пред две недели.






