Press "Enter" to skip to content

По победите во Битола и на гости со “стотка“ на Пелистер, победен Црн Дрим

Црн дрим грим мобиле – Пелистер 70:102

Играно во спортска сала “Тими“ во Струга

Судии: Павлов, Цветановски и Червенка

Црн дрим: Клусен 16, Настовски 2, Арсовски 10, Марчело 10, Атанасов 15, Ристевски, Миса 4, Деолски 2, Чаноски 2, Косковски 1, Скекиќ 14, Зафиров

Пелистер: Стаиќ 10, Малешевиќ 20, Кесар 26, Трајковски 13, Калахан 2, Најдовски, Вилијамс 9, Нацевски 11, Јовановски 2, Михајловски, Зекири 9.

Кошаркарите на Пелистер од Битола и по четвртиот одигран полесно од очекувањата го поминаа гостувањето во Струга, екипата на Црн Дрим повторно со висок резултат со постигнати над поени, 70:102.

Разликата на квалитетот, како и формата на двете екипи, се почувствува уште на стартот на дуелот во Струга, затоа што пелистерци отворија моќно и веднаш на домаќинот му дадоа до знаење дека за Битола се враќаат со бодови. По првите десет минути “зелено-белите“ имаа оредност од дури 16 поени (15:31), а на полувреме водството на Пелистер скокна на 21 поен (33:54). 

Во продолжението на натпреварпт тренерот на екипата од Битола им даде на кошаркарите од клупата, а и со нов водството се зголемуваше од минута во минута и во последните десет минути се искачи на +25 (51:76). Во финалната четвртина растеретени од притисокот одиграа ефикасно и атрактивно, а Пелистер повторно ја надмина стотката.

Кесар со 26 поени, шест скока и една асистенција беше најдобар во редовите на Пелистер, а се истакнаа и Малешевиќ со 20 и Трајковски со 13 поени. 

More from СпортMore posts in Спорт »