Кога се победува победата се прославува со навивачите, а тие му даваат посебен шмек на натпреварот, а Битола од секогаш била ракометен град, а спортската сала храм на ракометот.
Еурофарм Пелистер во Битола, во новата сезона од СЕХА лигата започна со победа, а со победа ја заврши оваа рекометна 2020 година, во која битолчани не видоа многу од ракометот, како се навикнати тоа го прават.
Полна сала, многу навивање, понекогаш и некоја “бакља“ се зборовите со кои редовно се известувало од Битола за атмосферата во салата која сите кои биле тука ја фалат, но вечерва како и во изминатите натревари оваа есен, сите со маски на лицето, дезинсфекција на врата, растојание за седење, театарска атмосфера, со педесетина луѓе, редари, Управа, спонзори, новинари, технички лица, итна помош, повредни ракометари, млади ракомери, технички персонал за терен, под, реклами, ди-џеј…
Низ десетина фотографии како во Битола изгледаше салата “Боро Чурлевски“ надвор од теренот, слики кои би сакале да ги заборавиме и на пролет да имаме полна сала публика, навивање, понекоја пцовка, навивачки песни, знамиња…
[ngg src=”galleries” ids=”637″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






